Милан ја оствари петтата победа во Серија А оваа сезона откако славеше на гости против Монца со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше холандскиот интернационалец Тијани Рејндерс во 43.минута од мечот.
🚨🇮🇹 GOAL | Monza 0-1 AC Milan | Reijnders
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 2, 2024
REIJNDERS OPENS THE SCORING FOR AC MILAN!pic.twitter.com/N5Xt3ctt7w
Тој се најде на вистинското место по одбиената топка од дефанзивците на Монца, откако претходно Алваро Мората упати шут со глава кон голот на противникот. Рејндерс немаше проблеми да ја испрати од втор обид топката на вистинското место.
Милан по овој триумф се искачи на седмото место со 17 бода, додека Монца е на 18. позиција со само осум освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













