Бројот на жртвите од бурата „Дана“ во областа на Валенсија продолжува да расте, а истоимениот клуб објави дека еден од загинатите е поранешниот играч од академијата на „лилјаците“, Хозе Кастиљехо.
28-годишниот фудбалер играл за младинските селекции, а потоа бил дел и од неколку локални нисколигашки клубови во областа. Во 2020 година, тој се откажал од фудбалот.
El @valenciacf lamenta profundamente el fallecimiento de José Castillejo, víctima de los desastres de la #DANA
— Valencia CF (@valenciacf) October 31, 2024
José Castillejo formó parte de la @Academia_VCF hasta etapa juvenil y ha militado en varios equipos de la Comunitat Valenciana.
DEP pic.twitter.com/glsR3UKTfF
Жртвите од катастрофалниот поплавен бран веќе надминуваат 160, а клубот Валенсија продолжува да им помага на погодените, при што го стави стадионот „Месталја“ на располагање за потребите на кризен центар во градот.
Реал Мадрид ќе донира 1 милион евра за жртвите од поплавата во Валенсија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski