
Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид од Ла Лига, кој требаше да се игра претстојниот викенд, е одложен на неопределено време. Според распоредот, средбата требаше да се одржи во сабота вечер во 21 часот на „Месталја“, но поради апокалиптичната состојба во градот и околината, натпреварот нема да се одигра сега.
Веќе неколку дена врне силен дожд, проследен со бури, што предизвика свлечишта, несреќи, поплави, при што досега се потврдени над 100 смртни случаи.
Од вчера, стадионот „Месталја“ дури е претворен во центар на кризен штаб во градот, каде што се обезбедуваат храна, вода, медицинска помош и засолниште.
Одложени се сите натпревари на клубови од погодените области, без разлика на која лига припаѓаат. Меѓу нив е и дуелот Вилјареал – Рајо Валекано од Ла Лига.
До 5 ноември сите клубови со одложени натпревари треба да предложат датуми за потенцијално одигрување на нивните дуели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар
