Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, го коментираше нерешениот резултат (2-2) на домашен терен против Парма. Тој изјави дека неговиот тим не треба да биде толку ранлив на контранапади.
„Им дозволивме на Парма да создадат многу шанси, иако и ние имавме свои. Не треба да бидеме толку ранливи на контранападите на противникот. Во одредени моменти се снаоѓавме добро, но ни недостасува баланс. Сакаме да го наметнеме нашиот стил и да ги ставаме другите тимови под притисок“, изјави Мота.
„Направивме технички грешки кои доведоа до опасни ситуации пред нашиот гол. Парма има добри крилни играчи и само чекаше на нашите грешки за да нѐ казни“, продолжи поранешниот играч за врска.
„Треба да бидеме поагресивни во обидите да ја вратиме топката. Напаѓаме со многу играчи, но понекогаш оставаме слободни простори во нашата половина. Тимоти Веа одигра многу добро, а Кенан Јулдиз е идеален за периодите кога натпреварот е отворен. Тој може да игра и во центарот и на крилните позиции“, коментираше Мота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













