
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пофално за својот тим, и покрај поразот од Тотенхем во осминафиналето на „Карабао Купот“. Каталонскиот стратег се осврна на многуте проблеми со играчкиот кадар, кои дополнително се зголемија синоќа со повредите на Савињо и на Мануел Аканџи.
„Исклучителен натпревар. Младите момци се справија одлично. Навистина сум задоволен. Совршено разбирам колку добро игравме“, изјави Гвардиола.
„Во второто полувреме создадовме шанси од контранапади кои не ги искористивме. Во фудбалот понекогаш настануваат проблеми поради недостигот на одредени играчи. Повредите се нормална работа, но играчите имаат своја граница“, додаде Пеп.
„Допрва ќе дознаеме каква е состојбата со Савињо. Џек Грилиш и Кајл Вокер сигурно нема да бидат подготвени за следните натпревари. Халанд? Планот беше тој да не игра. На утрешниот тренинг ќе бидат Ерлинг и двајца голмани, други немаме. Имаме 13 здрави фудбалери. Тешко е, досега не сум се соочил со нешто вакво во кариерата. Сепак, ова нè прави пообединети“, рече Гвардиола.
Манчестер Сити е лидер во Премиер – лигата со 23 бодови, а викендов ќе гостува на Борнмут.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
