Интер беше блиску до победа на дербито со Јувентус, водеше со 4-2 во второто полувреме, но дозволи да прими два гола и на крајот неверојатниот меч да заврши 4-4.
Тренерот Симоне Инзаги не е задоволен, затоа што гостите се вратија во завршницата со погодоците на Кенан Јилдиз и стигнаа до реми.
„Постои разочарување, но како тренер треба да ги анализирам четирите гола што ги примивме. Игравме против силен тим, но не можеме да дозволиме да примиме четири гола. Треба да ги градиме позитивните аспекти. Јувентус е тим кој прими само еден гол од отворена игра во осум натпревари од Серија А, а на ова дерби требаше да прими седум или осум. За жал, имавме четири или пет шанси да го постигнеме петтиот гол, но тие се искусен тим и знаеме дека такви шанси не се пропуштаат. Разочарувачки е затоа што игравме против Јувентус, чие најсилно оружје е одбраната, и создадовме толку многу шанси за гол, но не победивме“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













