
Лајпциг успеа да направи пресврт во натпреварот против Фрајбург и на крајот триумфираше со 3-1, со што ја зголеми предноста на табелата пред Баерн Минхен. Екипата на Елиф Елмас, кој денеска не доби минути на теренот, сега има три бода повеќе од баварците, кои утре ќе гостуваат кај Бохум.
Фрајбург поведе преку Доан во 15. минута, но Лајпциг го промени текот на натпреварот на почетокот од второто полувреме. Орбан израмни, а Гертруда во 58. минута го донесе пресвртот. Кон крајот на натпреварот, Лоис Опенда постигна гол за да ја потврди победата.
Во други натпревари, Аугсбург ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1, а Штутгарт на домашен терен победи со 2-1 против Холштајн Кил. Сент Паули и Волфсбург одиграа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
