Шпанската судиска комисија ја објави големата вест за тоа кој ќе го суди натпреварот Реал – Барселона. Долгоочекуваната битка, која ја очекуваат целата светска фудбалска јавност, ќе се одигра в сабота од 21 часот на „Бернабеу“.
За седми пат Ел Класико ќе го суди Хозе Марија Санчес Мартинес.
Судијата од Мурсија дебитираше на Ел Класико меѓу Реал и Барса во 2017 година, кога „кралевите“ победија со 2-0 во натпревар за Суперкупот на Шпанија. Потоа, Каталонците забележаа три последовни победи со резултати 3-0, 5-1 и 3-0. Следуваа две нови победи за Реал – 2-1 и 3-1, во 2022 и во 2023 година.
Фактите покажуваат дека досега ниту едно Ел Класико не завршило нерешено кога на теренот бил овој судија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













