
Манчестер Сити ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер. Талентираниот Турчин продолжува да не добива многу минути од почетокот на сезоната, и покрај добрите игри на крајот од минатата сезона и за време на ЕВРО 2024.
Деветнаесетгодишниот фудбалер не е особено задоволен од ситуацијата, па „граѓаните“ можат да се обидат да го привлечат од „Сантијаго Бернабеу“, пишува турскиот медиум „Фанатик“.
Од почетокот на сезоната, Ѓулер одигра 11 натпревари за Реал Мадрид, но само во три од нив започна како стартер. Турчинот има поминато помалку од 300 минути на теренот, без постигнат гол или асистенција.
Во Манчестер Сити го разгледуваат Ѓулер како опција за замена на Кевин де Бруин. Договорот на 33-годишниот Белгиец истекува на крајот од сезоната, и во овој момент нема индикации дека ќе биде обновен. Се зборува дека и самиот играч размислува да побара нов предизвик и да замине кон САД, прифаќајќи понуда од Сан Диего.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
