
Барселона го совлада Баерн Минхен со убедливи 4-1, предводена од брилијантниот Рафиња, кој носеше капитенската лента и постигна хет-трик. Тој го отвори резултатот уште во првата минута, кога излезе сам пред Нојер и ја смести топката во мрежата. Хари Кејн го израмни резултатот во 18. минута, но Левандовски и Рафиња постигнаа уште два гола пред крајот на првото полувреме. Рафиња го комплетираше својот хет-трик со гол во второто полувреме.
Ливерпул оствари минимална победа од 0-1 против Лајпциг, благодарение на голот на Дарвин Нуњез во 29-та минута. Елиф Елмас влезе во игра во 86. минута на местото на Хаидара.
Динамо Загреб триумфираше со 0-2 против Салцбург, со голови на Куленовиќ и Петковиќ, носејќи радост за Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Токму Ристовски беше асистент на двата гола за Динамо Загреб.
Интер успеа да го совлада Јанг Бојс со 0-1 во судиското продолжение, благодарение на голот на Маркус Турам, откако Марко Арнаутовиќ промаши пенал на почетокот на второто полувреме.
Лил приреди изненадување победувајќи го Атлетико Мадрид на гости со 1-3, додека Феенорд со истиот резултат славеше над Бенфика во Лисабон.
Манчестер Сити лесно го совлада Спарта Прага со 5-0 на „Етихад“, а Ерлинг Халанд постигна два гола за „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
