
Тренерот на Пари Сен Жермен зборуваше по ремито 1-1 на неговиот тим против ПСВ Ајндховен во натпреварот од третото коло на главната фаза на Лигата на шампионите.
„Убеден сум дека ние сме тимот што создава најмногу шанси во Лигата на шампионите. Немам сомнеж дека тимот се движи во вистинската насока и игра таков фудбал каков што сакам да гледам. Нашиот тим изгледаше доста сигурно, особено во одбраната, но фудбалот е фудбал. Ова е тежок турнир со тежок ждреб. Се разбира, загрижен сум за сегашната ситуација. Размислувам како можеме да ја подобриме играта, но сум задоволен од менталитетот на моите играчи“, изјави Луис Енрике.
„Загубените“ два бода ги оставија парижаните на 17. место во супергрупата од 36 тимови, што дава право на учество во претквалификациите за директните елиминации.
Ако Луис Енрике сака неговите фудбалери директно да се квалификуваат за осминафиналето, тој мора да го води францускиот шампион до едно од првите осум места во главната фаза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
