Аргентинскиот ас Лионел Меси на специјална церемонија организирана од весникот „Марка“ беше прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња. Шпанскиот медиум му додели златна статуа со неговиот лик како признание за неговата импресивна кариера.
Со 46 тимски трофеи и 56 индивидуални награди, поранешниот капитен на Барселона е број 1 според бројот на освоени признанија во историјата на фудбалот.
🚨 Ya es suyo
— MARCA (@marca) October 17, 2024
🏆 Leo Messi, Campeón de Campeones. El futbolista con más títulos de la historia. Insuperable pic.twitter.com/jlPnor9mbF
Покрај тоа, „Марка“ направи и листа на „најдобрите шестмина во историјата“, на која Лео Меси е на врвот. На второто место е Кристијано Роналдо, а потоа следуваат Пеле, Ди Стефано, Диего Марадона и Јохан Кројф.
Церемонијата се одржа на стадионот на актуелниот клуб на Лионел Меси, Интер Мајами.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













