
Ромелу Лукаку призна дека паднал во депресија по испаѓањето на Белгија од Светското првенство во 2022 година во Катар. Тогаш „црвените ѓаволи“ не успеаја да ја минат групата, завршувајќи на третото место. Во клучниот последен натпревар тимот одигра 0-0 против Хрватска, а Лукаку во второто полувреме промаши четири чисти шанси за гол.
Во подкастот „Пријатели на спортот“ зборуваше за најтешкиот период во неговиот живот досега, истакнувајќи дека Тиери Анри, тогаш помошник-тренер на Белгија, му помогнал многу за да го надмине проблемот.
„Кога влегов на теренот, бев полн со надеж. Но, промашив четири одлични шанси. Бог така одлучил, нема проблем. Но, последиците почнаа по натпреварот. Играм фудбал 23 години и за првпат се почувствував така. Никогаш не сум размислувал за депресија, но се колнам дека кога отидов на одмор, плачев секој ден, цела недела. Бев скршен физички и ментално.
Затоа сакам да му изразам длабока благодарност на Тиери Анри – ми се јавуваше на телефон трипати на ден, прашувајќи: ‘Добро ли си? Како си психички?’ Тој знае што е тоа. Тој е ист како мене, живее за фудбалот. Од тој момент до финалето не гледав ниту еден натпревар од Светското првенство, само плачев секој ден“, изјави напаѓачот на Наполи.
Лукаку не беше повикан во белгиската репрезентација за натпреварите овој месец од селекторот Доменико Тедеско, но е решен да се врати.
„Се надевам дека ќе ја откријам повторно страста да играм за Белгија и огнот повторно да ме пали одвнатре. Следната цел е Светското првенство за две години, но сè уште е далеку. Сакам да се вратам во репрезентацијата и да преземам лидерска улога. Но, не можеме да бидеме среќни ако не победуваме. Тоа е она што недостасува на оваа група. Младите веќе поминаа долг пат, но во однос на менталитетот на победници – тоа е нешто што можам да ги научам“, додаде Лукаку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
