Аргентина ja прегази селекцијата на Боливија со 6-0 во десеттото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико во зоната КОНМЕБОЛ. Со овој триумф, Аргентинците повторно се вратија на првото место во единствената квалификациска група во Јужна Америка.
Лионел Меси беше перфектен на овој меч, постигна хет-трик и забележа две асистенции. Голеадата ја надополнија Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез и Тијаго Алмада.
Бразил го победи Перу со 4-0 и се искачи на четвртата позиција на табелата по лошиот старт на квалификациите. „Кариоките“ поведоа со два прецизно реализирани пенали на Рафиња, а убедлив триумф донесоа Андреас Переира и Луис Енрике. За првпат од септември 2023 година, Бразилците запишаа две последовни победи.
Парагвај ја победи Венецуела со 2-1, а Уругвај и Еквадор ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













