Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Грузија (2-1) го заокружи настапот во квалификациите за ЕП и на крајот заврши како четвртопласирана во групата. Во стилот топло – ладно продолжија избраниците на Драган Канатларовски и во овој мини циклус, па откако ја победија Молдавија со 2-1 во Скопје, денеска загубија со идентичен резултат од Грузија во Кутаиси.
Македонија поведе со одличниот гол од далечина на Фисник Исаки во 52.минута.
Сепак, Грузијците израмнија само девет минути подоцна. Василиос Гордезиани беше стрелец на погодокот.
Домаќинот дојде до пресврт и малку среќен начин. Во 71.минута, Лодар Номинадзе се одлучи за удар од далечина, топката удри во еден од македонските дефанзивци, го измами голманот Алчевски и заврши во мрежата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













