
Србија во Лесковац ја победи Швајцарија со 2-0, но по натпреварот селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, беше незадоволен од однесувањето на публиката. Пикси го вознемири тоа што навивачите бараа од тимот да напаѓа во финишот на мечот, иако имаа сигурно водство.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, не беше задоволен од однесувањето на навивачите на натпреварот против Швајцарија во Лесковац. Во еден момент, при резултат од 2-0, тие со скандирања побараа од него тимот да тргне напред.
По натпреварот, Пикси се пожали на новинарите за ваквата ситуација.
„Може ли некој да ми објасни, бидејќи очигледно не разбирам најдобро? Водиме 2-0, 80 и некоја минута, и слушам некого: ‘Ајде сите во напад’. Тие работи не ги разбирам“, изјави Пикси.
„Лука Јовиќ имаше шанса за 3-0, но тоа ‘ајде сите во напад’ за мене е неразбирливо. Луѓето треба да разберат некои работи, да се едуцираат. Кога водиш 2-0, треба да бидеш организиран во одбрана. Лесно е да се каже ‘ајде сите во напад’. Симпатично е тоа, но не се игра така на терен“, истакна Драган Стојковиќ.
Иако неговиот тим ја победи Швајцарија, јавноста во Србија сè уште нема доверба во Стојковиќ и многумина би сакале да го видат како си заминува.
„Митар го спасува ‘Кикси’ од отказ“, еден е од многуте коментари на навивачите на Србија на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
