Манчестер Сити мора да размислува за играчкиот кадар за следната сезона, бидејќи е извесно дека ќе дојде до големи промени, пред сè поради тоа што клубот најверојатно ќе го напуштат менаџерот Пеп Гвардиола и капитенот Кевин де Бруин, личности кои беа клучни за големите успеси во изминатите години.
Јасно е дека ќе има промени, а еден од играчите кој е многу интересен за Манчестер Сити е Самуеле Ричи.
Овој играч настапува на позицијата дефанзивен играч за врска, член е на Торино и има само 23 години. Тој е идентификуван како играч кој би можел дури и да го замени Родри во стартниот состав во јануари, бидејќи е повеќе од очигледно дека на екипата на Пеп Гвардиола ѝ недостига шпанскиот фудбалер.
Скаутите на Манчестер Сити го следеа Ричи на натпреварот против Интер на „Џузепе Меаца“, а спортскиот директор Давиде Вањати го потврди тоа, но не сакаше да коментира.
„Она што можам да го кажам е дека го доведовме Ричи кога беше многу млад и дека беше добра инвестиција. Потрошивме сериозни средства затоа што верувавме во неговата работа, а тој веќе сега е подготвен да игра во било кој клуб и под водство на кој било тренер“, изјави Вањати.
Доколку Манчестер Сити сака да го доведе, англискиот клуб ќе треба да плати меѓу 40 и 50 милиони евра.
Инаку, овој фудбалер има плејмејкерски способности, исклучително е креативен и многумина ги потсетува на Андреа Пирло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













