Тотенхем имаше водство од 0-2 на полувремето, но на крајот Брајтон успеа да направи неверојатен пресврт и да победи. Домаќините одиграа одлично во второто полувреме и со три постигнати гола ги освоија трите бода.
Екипата на Постекоглу доминираше во првите 45 минути. Бренан Џонсон го отвори резултатот, а Џејмс Медисон зголеми на 0-2.
Сепак, Брајтон не се откажа и започна со пресврт уште на почетокот на второто полувреме. Минтех постигна гол во 48. минута и им даде надеж на домаќините, а Џорџинио Рутер во 58. минута израмни на 2-2.
Големиот пресврт се случи во 66. минута, кога Дани Велбек го постигна победничкиот гол за Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













