Гостивар не успеа да дојде до победа пред своите навивачи, ремизирајќи (1-1) со Велешта во 4. коло од Втората лига – Запад.
Алтин Лога со гол од пенал во 37. минута донесе предност за гостите од Велешта, но Гостивар успеа да дојде до бод со погодокот на Џемаил Есати во 70. минута.
Егзон Азири донесе победа од 0-1 за Вардар Форино на гостувањето против Кораби со погодокот уште во 16. минута од средбата.
Со голот на Мурат Адили, Велазерими дојде до победа на гостувањето против Кадино.
Еден гол беше доволен и за триумф на Скопје на гостувањето против Охрид, а стрелец беше Изет Ајрулаху во 37. минута
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (4. коло)
Кадино – Велазерими 0-1
Охрид – Скопје 0-1
Гостивар – Велешта 1-1
Кораби – Вардар Форино 0-1
Тетекс – Дрита (утре, 15:30 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













