
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, официјално и неочекувано за многумина, објави дека ја завршува својата кариера во националниот тим на Франција по десет години настапи.
„Со срце исполнето со спомени, ја затворам оваа глава од мојот живот. Ви благодарам за ова прекрасно искуство со триколорите и ќе се видиме наскоро“, напиша 33-годишниот поранешен француски репрезентативец на социјалните мрежи, заедно со видео кое ги прикажува неговите најдобри моменти со Франција.
Тој дебитираше за тимот во 2014 година, во пријателски натпревар против Холандија, кој Франција го доби со 2-0.
Гризман одигра 137 натпревари за „петлите“, при што постигна 44 голови и асистираше 38 пати. Со Франција ја освои светската титула во 2018 година и Лигата на нациите во 2021 година, а стана и најдобар стрелец на ЕВРО 2016.
Со ова, уште една голема фигура во францускиот фудбал се повлекува од националниот тим. Претходно тоа го направија и Хуго Лорис, Оливие Жиру, Карим Бензема и Рафаел Варан.
Последниот натпревар на Гризман за Франција беше победата над Белгија со 2-0 во Лигата на нациите на 9 септември, кога влезе како резерва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
