Тренерот на Бока Јуниорс, Диего Мартинез, поднесе оставка откако неговиот тим загуби со 0-2 од Белграно. Ова беше трет последовен пораз за Бока, која се наоѓа на разочарувачката 12. позиција на табелата со само пет победи во првите 16 кола.
Дополнително, Бока испадна и од Купот на Лигата, како и од Копа Судамерикана, со што сезоната за тимот изгледа дека ќе биде целосно неуспешна.
Диего Мартинез, кој беше назначен за тренер во јануари оваа година, изјави дека го информирал претседателот на клубот, Хуан Роман Рикелме, за својата одлука да си замине.
Наредниот натпревар на „сино-жолтите“ од Буенос Аирес е за една недела против Аргентинос Јуниорс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













