Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе се врати на теренот за утрешното гостување против Вулверхемптон, потврди менаџерот на „црвените“, Арне Слот. Бразилецот ги пропушти натпреварите против Борнмут и Вест Хем поради мускулна повреда, но за време на неговото отсуство, Куевен Келехер повторно се покажа добро и прими само еден гол.
„Мислам дека Алисон е добро и дека е на располагање. Многу сум среќен што се враќа, но ние одигравме добро и без него во последните два натпревари, што е уште еден пример дека имам две или три опции за некои позиции.
Претставувањето на нашите напаѓачи зборува за две работи. Прво, играчите имаат квалитет. Второ, ние секогаш создаваме шанси за нив. Без разлика дали играме со Коди или Луис, тие имаат толку големи квалитети што секогаш можат да ги претворат во асистенции или голови. Позитивно е тоа што со големиот број натпревари, играчите разбираат дека не можат да играат во секој натпревар.
Многу сум задоволен од тимот што го наследив, од квалитетот и културата на фудбалерите. Сите тие се тимски играчи и секогаш прво работат за тимот.
Не мислам дека табелата правилно го прикажува начинот на кој Вулвс играше на своите натпревари. Тие имаа многу тежок распоред – Арсенал, Њукасл, Челси… Потежок од нашиот. Треба да го имаме тоа предвид. Ги гледав нивните натпревари и заслужија повеќе,“ изјави Слот во пресрет на утрешниот дуел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski