УЕФА донесе одлука за речиси двојно зголемување на сумата за солидарни исплати за клубовите кои не учествуваат во европските клупски турнири во новиот циклус 2024-2027 година, кој веќе започна. Ова беше објавено на денешната седница на Извршниот комитет на европската фудбалска организација.
Претходно предвидената сума од вкупно 135 милиони евра се зголемува на 258 милиони евра, плус дополнителни 50 милиони евра за топ 5 лигите, при што секоја од тие лиги има лимит од 10 милиони евра.
70% од сумата ќе биде распределена врз основа на рангирањето на клубовите на УЕФА, додека останатите 30% ќе се распределуваат според настапот на најдобриот тим во главната фаза на европски турнир.
Оваа мерка првично беше предложена до УЕФА од страна на Асоцијацијата на европските лиги, која има за цел да ги намали финансиските предности на клубовите кои учествуваат во главната фаза на европските турнири.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski