Connect with us

Бернардо Силва го нападна Арсенал: Тие само го одолговлекуваа времето, Ливерпул ни е посериозен ривал за титулата

Бернардо Силва, фудбалерот за врска на Манчестер Сити, смета дека Ливерпул е посериозен ривал за неговиот тим во споредба со Арсенал. Португалецот е лут на однесувањето на „топчиите“ во изминатото дерби од Премиер – лигата, кое заврши 2-2 со доцен израмнувачки гол на „граѓаните“.

Бернардо Силва го коментираше ривалството за титулата во последниве години.

„Разликата меѓу Арсенал и Ливерпул? Не знам… Можеби Ливерпул веќе бил шампион, додека Арсенал не. Покрај тоа, Ливерпул ја има освоено Лигата на шампионите, а Арсенал не. „Црвените“ секогаш играле против нас со идеја да се обидат да победат. Тоа е разликата меѓу нашите дерби средби со Арсенал и со Ливерпул“, изјави Бернардо Силва за „ТНТ Спорт Бразил“.

Конкретно, за последниот дуел на „Итихад“, Бернардо ги критикуваше лондончани.

„Имаше само еден тим што дојде да игра фудбал. Другиот беше на теренот со идеја да игра на границата на дозволеното од судијата. Ремито е најдоброто што можевме да постигнеме. Сè се виде уште на почетокот, кога повредија наш играч, уривајќи го двапати за 10 минути. Првиот гол на Арсенал падна откако судијата го повика нашиот капитен на разговор и не му дозволи да се врати на својата позиција. Вториот нивен гол дојде по типичното нивно блокирање на нашиот голман, што беше дозволено од арбитарот. Потоа, судијата им дозволи да го одолговлекуваат времето. Она што најмногу ме нервира е што пред почетокот на сезоната имаме состаноци со ФА. Ни објаснуваат дека нема да дозволуваат такви работи, но на крајот тоа не се случува. Многу зборуваат, но нема резултат“, заврши Бернардо Силва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови