Атлетико Мадрид го победи Лајпциг со 2-1 во првиот меч од новото издание во Лигата на шампионите. Елиф Елмас доби шанса во последните десетина минути, а Хозе Хименез во 90.минута му донесе триумф на домашниот тим.
Бењамин Шешко во четвртата минута го отвори резултатот, а израмни Антоан Гризман во 28.минута од дуелот.
Монако ја победи Барселона на домашен терен со 2-1. Ерик Гарсија доби црвен картон уште во 12.минута, па каталонскиот гигант речиси цел меч играше со фудбалер помалку.
Мањес Аклиуче во 16.минута донесе водство за Монако, а израмни Ламин Јамал со уште една негова мајсторија. Сепак, Монако дојде до триумф со голот на Џорџ Иленикена во 71.минута.
Аталанта и Арсенал одиграа без голови во Бергамо, а Матео Ретеги во 51.минута не реализира пенал за домашниот тим. Давид Раја го одбрани неговиот удар.
#UCL #ATAARS #MonacoBarça
— Football with TH (@Live_event64) September 19, 2024
follow : @TH__S5 1 pic.twitter.com/yfkXhep7Aw
Брест го победи Штурм со 2-1 во историскиот прв натпревар во Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski