Срѓан Захариевски со реми (1-1) против Гостивар дебитираше на клупата на Вардар. Вели дека е задоволен од ремито, затоа што Гостивар е сепак сериозно квалитетен тим, но и најави дека во иднина Вардар ќе атакува на победа на секој натпревар.
„Не знам дали да честитам за освоениот бод, јас кажав уште првиот ден кога дојдов, секој меч ќе одиме на победа. Тремата во првото полувреме и неквалитетните додавања ни направија проблеми, не можевме да ја изнесеме топката, но во вториот дел тоа го компензиравме со поголема борбеност. Вардар може повеќе и подобро. Кога играчите ќе сфатат дека можат да се натпреваруваат, ќе направиме повеќе. Да не заборавиме дека играчите немаат голема самодоверба. Кога ќе дојдат победите, Вардар ќе игра поквалитетно. Задоволни сме од бодот, против себе имавме квалитетен ривал. Гостивар има страшни неколку поединци, а измените им носат голема разлика. Фудбалот некогаш можеш да одиш чекор напред, па еден пораз те враќа назад. Ние ќе настојуваме да ги добиваме натпреварите, уште од првиот ден најавив дека екипата ќе се бори. Ќе играме агресивно, но ни треба и некое време да минеме заедно. Се надевам дека ќе играме подобро на следните мечеви“, изјави Срѓан Захариевски.
Во следното коло, Вардар му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













