
Ерлинг Халанд потона во тага поради смртта на блискиот семеен пријател Ивар Егија, соопштија медиумите на Островот. Од Манчестер Сити веднаш изразиле подготвеност да му дадат пауза, па така напаѓачот може да го пропушти претстојниот натпревар со Брентфорд.
Ивар Егија, кој беше кум на таткото на Халанд, почина на 59 години. Ерлинг поради близината го нарекувал „чичко“ и нивната врска била неверојатно блиска. Егија присуствуваше на претставувањето на Норвежанецот како играч на Сити во 2022 година, како и на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ минатата година.
Пеп Гвардиола бил категоричен дека, ако Халанд сака да се врати во родната земја за погребот, ќе го поддржи во неговата одлука.
„Тежок момент за него и за неговото семејство. Нашите мисли се со нив. Тажно е, и ќе видиме утре дали ќе биде психички и физички подготвен да игра“, објасни менаџерот на прес-конференција.
„Ти си легенда, Ивар. Зборовите не можат да опишат колку многу значеше за мене и колку многу ќе ми недостигаш! Ти благодарам за сè. Ќе се видиме повторно. Почивај во мир, Ивар“, објави Халанд, кој постигна седум гола во трите победи на Манчестер Сити досега во првенството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
