Италија со 2-1 го победи Израел во Лигата на нации и дојде до вториот триумф во низа. Натпреварот се одигра во Будимпешта поради воениот конфликт меѓу Израел и Палестина, а го одбележа и потегот на италијанските навивачи.
На трибините беа присутни околу 2.000 гледачи, а околу стотина од нив ги поддржаа „аѕурите“.
Пред самиот натпревар, група италијански навивачи решија да ја бојкотираат националната химна на Израел на начин досега невиден во Европа.
Имено, група од околу 50 италијански навивачи облечени во црно го свртеа грбот во знак на очигледен протест против Израел, а интересно е што им се придружија и други навивачи.
Навивачите на „аѕурите“ кренаа и италијанско знаме на кое беше испишано „Либерта“ (Слобода), а на другите транспаренти поставени од навивачите имаше црни линии.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













