Закрепнувањето на Нејмар не оди според планот, поради што враќањето на ѕвездата на Ал-Хилал е одложено за уште два месеци, тврдат арапските медиуми. Ова го покажаа прегледите направени изминатите денови.
Бразилскиот напаѓач нема играно околу една година откако ги скина лигаментите на левото колено и беше опериран.
Пред извесно време се очекуваше дека 32-годишниот играч ќе биде блиску до повторно појавување на теренот, но очигледно работите не одат според планот.
Тука се појавува уште едно прашање поврзано со учеството на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони. Прашање е дали Нејмар треба да биде регистриран за ова натпреварување. Доколку тоа се случи, еден од странците во клубот треба да биде изоставен од списокот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













