
Фудбалерите на Скопје продолжуваат со победи во Втората лига Запад. Со триумфот над Кадино (0-1) тие ја зголемија предноста на врвот на табелата во однос на Гостивар, кој ремизираше 1-1 против Кораби во Дебар.
Јусуф Мустафа во 24. минута го одлулчи соседскиот дуел во Кадино. Скопје ја оствари осмата победа, а четврта во низа. Со овие три бода, Скопје останува лидер на табелата со 27 бода, три повеќе од второпласираниот Гостивар.
Гостиварци ремизираа 1-1 против Кораби. Домаќинот поведе со голот на Филип Алексовски, а израмни Трајче Стојковски во 55.минута.
Тетекс имаше водство од 1-0 против Велешта, но на крајот загуби со 2-3.
Лазар Пеев донесе водство за Тетекс, но Велешта на стартот зададе силен удар со голот на Клечкоски и двата погодоци на Алтин Лога. Здравковски ги постави конечните 2-3.
Охрид на домашен терен ја декласира Дрита со 5-0. Целески беше стрелец на два гола, а во листата на стрелците се запишаа победа и Алији, Реџепи и Ѓорѓиевски.
Вардар Форино не излезе на терен да го одигра натпреварот против Велазерими. Финансиската криза го стори своето, а гостите ќе го добијат мечот со службен резултат, 0-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal