Connect with us

Црвена Звезда го доведе „бомбардерот“ од Штутгарт, Силас Мвумпа

Напаѓачот од ДР Конго, Силас Мвумпа, е најновото засилување за Црвена Звезда, шампионот на Србија кој ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите.

Звезда го комплетираше договорот со германскиот бундеслигаш Штутгарт и успеа да го доведе најзвучното засилување летово на едногодишна позајмица со право на откуп.

Во Штутгарт, Силас се наметна како еден од најдобрите играчи изминатите години, но поради недоразбирање со тренерот Хенес беше ставен на трансфер – листа и испратен на позајмица во Црвена Звезда, која ќе има и право на откуп за 10 милиони евра следното лето.

Српскиот шампион ќе ја преземе платата на Силас од Штутгарт која за една година изнесува околу 1.200.000 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови