
Горазд Михајлов, кој пред две кола си замина од клупата на Вардар, официјално е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последовен пораз во првенството.
Горазд Михајлов денеска го презеде тимот. Со играчите имаше состанок, а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев.
Во стручниот штаб на Михајлов помошници ќе му бидат Тане Темелков и Тони Атанасов кој од младинскиот погон се префрлува во сениорите, кондициски тренер останува Дарко Коцев, а со голманите Ѓорѓе Шопов.
Михајлов во својата тренерска кариера ги има водено и екипите на Силекс, Борец, Тетекс, Напредок, Пелситер и Охрид, а извесен период беше и во Приједор во БиХ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
