Бруно Фернандеш верува дека Манчестер Јунајтед сѐ уште не е подготвен да ја освои Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ загубија два од трите натпревари на почетокот на сезоната и имаат само три бода.
„Свесен сум дека Манчестер Јунајтед не е подготвен да го освои првото место. Да, ќе продолжиме да се бориме и ќе се обидеме да бидеме меѓу најдобрите четири екипи. Тоа се местата кои даваат можност да се пласираме во Лигата на шампионите. Секако дека би сакал да го остварам мојот сон – да го освојам шампионатот со Манчестер Јунајтед“, изјави капитенот на „ѓаволите“ за португалскиот медиум „А Бола“.
Во неделата, 20-кратниот шампион на Англија загуби со 0-3 пред домашната публика од Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













