
Во Црвена Звезда се надеваа дека Кореецот Хванг ќе остане во нивниот тим, но тој ќе ја продолжи својата кариера во тимот на Феенорд.
Црвена Звезда повторно ќе игра во Лигата на шампионите оваа година, а голема заслуга за тоа има токму јужнокорејскиот играч од средниот ред.
Тој одигра совршен натпревар во реваншот против Бодо Глимт, помагајќи му на својот тим да победи со 2-0 и да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите.
Хванг пристигна во Црвена Звезда за 5,5 милиони евра минатото лето, но по само една сезона ќе го напушти клубот и ќе ја продолжи кариерата во Холандија.
Управата на тимот од Белград сака да донесе замена за Хванг, а наводно главен кандидат за неговата замена е репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ.
Круниќ не доби многу шанса за игра откако Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, и беше јасно дека ќе го напушти Истанбул.
Има понуди, а како што стојат работите, наредната сезона би можеле да го гледаме во Лигата на шампионите, и тоа во дресот на Црвена звезда која го сака на позајмица.
Раде Круниќ стана член на Фенербахче во јануари оваа година. Пристигна на шестмесечна позајмица од Милан, а клубот потоа го откупи неговиот договор на почетокот на оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
