
Црвена Звезда се пласира во групите од Лигата на шампионите откако го елиминира норвешкиот Бодо/Глимт со триумф 2-0 на домашен терен во Белград. Со тоа ја анулира негативата од 2-1 во првиот меч во Норвешка.
Капитенот на „црвено-белите“, Урош Спајиќ, кој беше стрелец на вториот гол, емотивно се обрати кон оние кои им упатуваа навреди на фудбалерите по поразот на првиот натпревар.
„Многу тежок натпревар за подготовка. Последниве денови бевме многу омаловажувани, доведувани во прашање, да не бидам брутален, најблаго речено. Навивачите од тастатура нè споредуваа со ‘фиќо’, се споменуваше дека ние сме желки, а тие се брзи како ‘ферари’. Не знам што се случи сега, дали пукна гумата на ‘ферарито’, но покажавме каде припаѓаме и кое е нашето место“, изјави Урош Спајиќ за „РТС“.
„Им благодарам на искрените навивачи на Ѕвезда кои беа на стадионот, не на оние мајстори кои чекаат на сајтови да нè омаловажуваат и да не навредуваат. Нека им служи на чест, Ѕвезда е над секој поединец. Местото на Ѕвезда е меѓу најдобрите, среќен сум како капитен што се пласиравме во Лигата на шампионите“, истакна капитенот на Црвена Звезда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
