Сенегалецот Садио Мане одлучил да го напушти Ал-Наср и можно е неговата кариера да продолжи во редовите на нивниот голем ривал, Ал-Итихад. Причината за оваа одлука е наводен конфликт со Кристијано Роналдо.
По само една година во Ал-Наср, Мане побарал да замине поради недостигот на соработка меѓу него и португалската ѕвезда. Ал-Итихад е клубот кој најверојатно ќе биде неговата следна дестинација. Преговорите се во тек, а трансферот е многу блиску до реализација.
Наводно, Карим Бензема, кој веќе е дел од Ал-Итихад, го охрабрил раководството на клубот да го доведат Мане, сметајќи дека неговото присуство ќе биде клучно во борбата за титулата.
Садио Мане се приклучи на Ал-Наср пред една година со договор кој му обезбедува плата од 40 милиони евра годишно, а истата плата би ја добивал и во Ал-Итихад. Сега е на клубовите да се договорат за неговиот трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













