Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, истакна дека целта на тимот е да се бори за „скудетото“ оваа сезона, посочувајќи го актуелниот шампион Интер како главен конкурент. Тој, исто така, нагласи дека во тимот на „росонерите“ има позитивни чувства пред вечерашното домашно соочување со Торино, со кое ќе ја започнат новата сезона.
„Од првиот ден има многу позитивни чувства во тимот. Денес тие се уште попозитивни. Играчите се приклучија на подготовките во различно време. Сепак, ние сме подготвени да ја започнеме сезоната со самодоверба, позитивен став и голема амбиција. Сакаме да го одиграме овој натпревар со нашиот идентитет, кој ќе им го покажеме на навивачите. Тешко беше да се замисли дека ќе имаме толку позитивни чувства по само пет недели. Не очекував толку многу од играчите, кои сепак ги разбраа нашите идеи. Очигледно е дека има голема промена во тимот, нашиот начин на игра и размислување за натпреварите се различни. Не сакам да кажам дека стартуваме од пол-позиција, но сме подготвени да ја започнеме оваа корида. Веруваме дека можеме да му парираме на шампионот Интер во трката за титулата“, изјави Пауло Фонсека.
Шампионот Интер ја стартува одбраната на титулата денеска, со гостување кај Џенова. Мечот се игра од 18.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













