Конор Галагер се врати во Челси, иако се сметаше за сигурно ново засилување на Атлетико Мадрид, откако ги помина и медицинските прегледи. Тој помина пет дена во шпанската престолнина, чекајќи двата клуба да постигнат договор за трансферот. Откако се појавија пречки, лондонскиот клуб побара тој да се врати на Островот.
Се очекува Галагер да ги продолжи тренинзите со младинскиот тим на клубот, приклучувајќи им се на Тревох Чалоба и на Ромелу Лукаку.
Претходно беше објавено дека Атлетико ќе го купи англискиот репрезентативец за 34 милиони фунти, но договорот со Челси сè уште не е завршен. Откако пропадна трансферот на Саму Омородион, клубовите почнаа да ја разгледуваат можноста за вклучување на Жоао Феликс во договорот.
На почетокот на летото, Галагер го одби предлогот на Челси за нов договор и одби да се пресели во Астон Вила. Сега ќе треба да почека да се обноват преговорите со Атлетико или да добие понуди од други клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













