Фудбалерот на Аталанта, Тун Копмајнерс, започна штрајк обидувајќи се да го принуди клубот да го продаде на Јувентус. Тој одбива да тренира и да игра натпревари за Аталанта во текот на подготовките, откри тренерот Џанпјеро Гасперини.
„Ситуацијата со Копмајнерс беше совршена до минатата недела, кога тој одлучи дека ќе оди во Јувентус. Веќе се спогодил со тој клуб, се чувствува под стрес и одлучи дека повеќе нема да тренира или да игра за нас. Со такво однесување не може да ни биде корисен. Клубот, од своја страна, зазеде многу цврст став, бидејќи се чувствува уценет. Ситуацијата е различна од други моменти во минатото, кога клубот продавал некои од своите вредни играчи. Го разбирам и Копмајнерс, и клубот, но јас сум без тројца од најважните играчи“, изјави Гасперини, кој за една седмица треба да се соочи со Реал Мадрид во Суперкупот на Европа.
Аталанта бара 60 милиони евра за Холанѓанецот. Сепак, Јувентус не сака да плати толку пари и досега испратил само една понуда од 45 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













