Барселона успеа да се ослободи од еден од фудбалерите кои не се во плановите на новиот тренер Ханси Флик. Каталонците го дадоа на позајмица во Џирона фудбалерот за врска Ориол Ромеу.
32-годишниот дефанзивен играч од средниот ред беше доведен пред една година токму од овој клуб. Сепак, тој не успеа да се наметне во составот во минатата сезона.
BENTORNAT ORIOL! 👋
— Girona FC (@GironaFC) August 5, 2024
Џирона нема да плаќа за позјмицата, но ќе ја преземе целата плата на Ромеу.
Ориол Ромеу има играно уште за Челси, Саутемптон, Штутгарт и за Валенсија.
Во минатата сезона тој одигра 37 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и забележа една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













