Европскиот шампион со Шпанија, Eјмерик Лапорт, прави интензивни обиди да го прекине договорот со Ал-Наср и да се врати во Европа, тврди саудискиот весник „Al Yaum“. 30-годишниот дефанзивец се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Според информациите, Лапорт побарал итна средба со раководството на клубот, вклучувајќи го и претседателот Ал-Мухаидиб, спортскиот директор и неговиот сонародник Фернандо Јеро, и тренерот Луис Кастро.
Поранешниот играч на Манчестер Сити побарал да биде ослободен да се врати назад во Шпанија, со образложение дека не му се допаѓа животот во оваа земја.
Само пред една година, Ал-Наср плати 27,5 милиони евра на Манчестер Сити за него.
Според „АС“, Реал Мадрид има интерес за него, иако пред неколку дена тренерот Карло Анчелоти категорично изјави дека тимот нема да привлекува нови играчи во овој преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













