
Српскиот вицепрвак Партизан загуби со 6-2 од Динамо Киев во Лублин и има само теоретски шанси да ја надомести оваа негатива на реваншот, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црно-белите“ наидоа на мотивиран тим, со оглед дека Партизан ги налути Украинците и што неодамна играше пријателски натпревар во Русија.
Салдања од пенал го доведе Партизан во водство во 22.минута, но до крајот на првиот дел Шапаренко во 40.минута, Бражко во 43.минута и Караваев во 45.минута направија целосен пресврт и обезбедија предност за Динамо Киев од 3-1 на полувремето.
Во вториот дел, за Динамо Киев погодија и Кабаев, Попов и Пихалионок, а Салдања постигна уште еден гол за Партизан.
Унгарскиот Ференцварош беше убедлив против ТНС и славеше со 5-0, а Адама Траоре беше стрелец на хет-трик.
Митјиланд на гости ја победи Санта Колома со 0-3, а Малме го победи Клаквик од Фарски Острови со 4-1. Бодо/Глимт со 4-0 го совлада РФС, додека Јагиелонија со идентичен резултат славеше на гости против Паневезис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Тетекс доведе четири нови засилувања

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
