Стефан Савиќ е најновото засилување на Трабзонспор. Доскорешниот дефанзивец на Атлетико Мадрид ќе премине во турскиот клуб како слободен агент.
Савиќ се договорил со раководството на Атлетико уште во мај да биде пуштен без трансферна сума. Тој ќе потпише со Трабзонспор за две години. Медицинските прегледи се закажани за оваа недела.
Централниот бек помина девет сезони во дресот на Атлетико Мадрид и беше еден од омилените играчи на фановите поради својата посветеност. Во минатата сезона учествуваше во 23 натпревари во Ла Лига.
Трабзонспор веќе се засили со Озан Туфан од Хал Сити, Денис Драгуш од Стандард Лиеж, Борна Баришиќ и Џон Лундстрам од Ренџерс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













