Connect with us

Де ла Фуенте: Треба да ја искористиме оваа историска шанса за европски трофеј

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте изрази желба неговиот тим вечерва да влезе во историјата и да ја победи Англија во финалето на Европското првенство во Германија, но додаде дека пред мечот нема фаворити.

„Можеме да бидеме многу горди на она што веќе го постигнавме, бидејќи имаме одлична сегашност и голема иднина. Да се види земја која е толку посветена на оваа селекција, без разлика на резултатот, е нешто прекрасно. Навистина сме трогнати што гледаме земја со толку многу надеж, приврзаност, хармонија и единство, како што не сме виделе долго време“, изјави шпанскиот селектор заблагодарувајќи се на поддршката што ја добива Шпанија низ текот на турнирот.

Де ла Фуенте очекува неизвесен натпревар додавајќи дека нема апсолутно нема фаворит во финалето.

„Подготвени сме да се бориме за победа. Ќе останеме верни на нашиот стил и идеја за игра. Ова е огромна можностз за сите нас и треба да ја искористиме“, истакна Де ла Фуенте.

Шпанија ги освојуваше европските титули во 1964, 2008 и во 2012 година.

Натпреварот се игра вечерва од 21 час на Олимпискиот стадион во Берлин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови