Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, со огромен пресврт стигна до историска победа од 3-2 против Брејдаблик во натпреварот од првото квалификациско коло во Конференциската лига.
На полувреме Тиквеш имаше негатива од 0-2, а тренерот Ѓорѓи Мојсов откри како ги мотивирал фудбалерите дека не е сѐ загубено и дека можат да се вратат во натпреварот.
„На полувреме им кажав на фудбалерите дека ќе биде греота ако не се вратиме и стигнеме барем до 2-2. И драго ми е што успеавме во тоа. Знам јас како можат да одиграат овие фудбалери, дел од нив имаа и психолошки притисок со оглед дека се работи за европски натпревар. Среќни сме со победата, но ништо не е завршено, одиме да победиме и на Исланд. Ќе дадеме се од себе да одиме во следната фаза“, изјави тренерот Ѓорѓи Мојсов по триумфот над Брејдаблик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













