Connect with us

Дешамп: Ако ви е здодевно, сменете го каналот, ние сме овде за да го освоиме трофејот!

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, коментираше остро за обвинувањата кон неговиот тим дека игра здодевен фудбал. Светскиот шампион со „петлите“ и како играч, и како тренер, изјави дека оние на кои им е здодевно можат слободно да го променат каналот. За останатите тој објасни дека сака да ги споделат емоциите на тимот и да им донесат радост на фановите.
Утревечер Франција го игра полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2024 против Шпанија.

„Ако ви е здодевно, гледајте нешто друго! Ништо не е задолжително! Ова е специјално Европско првенство, многу е тешко за сите. Бројот на голови е многу помал од очекуваното и од тоа што можеше да биде. И сепак, имаме можност да ги споделуваме емоциите, да ги направиме Французите среќни со резултатите што ги постигнуваме, во овој сложен период за нас. Ние сме овде да го освоиме шампионатот“, изјави малку и грубо Дешамп.

Потоа селекторот ја коментираше формата на својата голема ѕвезда Килијан Мбапе, кој ја напушти играта во 110 минута на четвртфиналето против Португалија.

„Ова е нова ситуација за Мбапе. Тој мора да игра со маска, што води до промена на начинот на кој гледа. Беше голем шок за него, требаше да се навикне на положбата, освен тоа имаше хематом кој веќе е исчистен. Со секој изминат ден неговата состојба е подобра. И сепак, тој не се чувствуваше добро за време на продолженијата и беше подобро да излезе. Нема смисла да остане на теренот, ако не се чувствува добро. Направивме сѐ што можевме за да гарантираме дека тој се опоравува. Тој прави сѐ што може да се претстави на квалитетно ниво“, објасни селекторот на Франција.

На крајот, тој посвети внимание и на селекцијата на Шпанија, која е еден од тимовите што заслужија најмногу пофалби за своето претставување во Германија.

„Сите шпански тимови низ годините ја имаа оваа одлична способност да ги контролираат натпреварите. Нивната голема сила е во средниот ред, особено во играта на Родри. Ова е тимот што најдобро ги контролира своите натпревари и не случајно доби толку многу пофалби. Сега, со Јамал и со Нико Вилијамс, кои се малку поразлични од претходните нивни играчи, имаат можност за вертикално движење. Тие се силни, но и ние имаме врвни играчи и ќе биде тоа одличен натпревар“, заврши Дешамп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови