УЕФА го суспендираше турскиот стопер Мерих Демирал, херојот од победата на Турција против Австрија во осминафиналето, на два меча на Европското првенство. Демирал ги постигна двата гола во победата од 2-1 и славеше покажувајќи го знакот на „сивите волци“, екстремно десничарската група во Турција.
Демирал повторно ќе игра на овој турнир само доколку Турција се пласира во финалето. Одлуката ја донесе „етичкиот и дисциплински истражител на УЕФА“, а Ненси Фезер, германската министерка за внатрешни работи, на „Х“ (поранешен Твитер) објави: „Симболот на турските десничарски екстремисти нема место на нашите стадиони“.
„Користењето на ЕВРО 2024 како платформа за расизам е целосно неприфатливо и УЕФА ќе го истражи случајот и ќе разгледа санкции“, додаде таа.
Турција во сабота во Берлин во четвртфиналето ќе игра против Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













