
Горан Томовски веќе не е член на Брера, струмичкиот клуб објави дека фудбалерот од средниот ред заминува како слободен играч.
Брера му се заблагодари на Томовски и му посака многу успех во иднина.
„25 годишниот струмичанец Горан Томовски , кој остави белег во развојот на Академија Пандев сега Брера Струмица е слободен играч. Тој во нашиот клуб беше од 2018 година и речиси во сите натпреварувачки сезони, беше дел од првиот тим. Томовски со своето однесување на фудбалските терени но и надвор од нив беше вистински промотор на клубот и максимално се залагаше за подобри резултати.
Во седумте првенствени сезони Горан Томовски за нашиот прв тим има реализирано 113 настапи а трипати се запиша и како стрелец. Во последната натпреварувачка сезона на своето конто запиша 13 првенствени настапи во кои повторно ги истакна своие играчки способности.
Важи за скромна личност, но на терените лидер – фудбалер кој сака да се докажува и мотивар за тимската игра . Контуинирано даваше максимум на фудбалските терени и беш еден од носителите на Брера во текот на сите сезони. Томовски беше од првиот ден на основањето на клубот во кој стана синоним какоо се сака клуб“, стои во соопштението на Брера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
