Еден од водечките фудбалери на Англија, Џуд Белингам, призна дека бил исцрпен до крајна мера за време на дуелот со Словенија во третото коло од групната фаза и дека единствено поддршката од трибините му помогнала да продолжи.
Англичаните почнаа доста колебливо на ЕВРО 2024, каде пристигнаа како еден од фаворитите. Тие стигнаа само до една победа и две ремија, но сепак успеаја да ја освојат својата група и во осминафиналето ќе се соочат со Словачка.
„На последниот натпревар бев целосно мртов, но потоа ги слушаш фановите како пеат и скандираат… Има многу негативност надвор од стадионот и надвор од кампот на тимот. Според мене, важно е да се запомни дека токму овие фанови на стадионот се тие кои ќе ни ја дадат таа енергија. Не можеме да се грижиме за сите други кои не се таму. Едноставно треба да продолжиме да ја користиме таа енергија која ја добиваме од нив,“ изјави Белингам.
Фудбалерот на Реал Мадрид имаше одлична сезона со тимот на мадриѓаните и постигна 23 гола во 42 натпревари, освојувајќи ги титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Англија ќе го одигра својот осминафинален дуел против Словачка в недела од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal