Фудбалската репрезентација на Србија имаше очаен настап на Европското првенство, а јавноста кај нашиот северен сосед ја „бара главата“ на селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Веќе наголемо се шпекулира и со имињата на новиот можен селектор.
Има неколку домашни стратези кои се во опција, но бомбастична е веста дека Јоаким Лев, поранешниот селектор на Германија, би можел да го преземе кормилото на Србија, откако Драган Стојковиќ и официјално ќе добие отказ.
Јоаким Лев ја водеше германската репрезентација цели 15 години, а клупата на оваа селекција ја напушти во 2021 година. Во 2014 година со Германија го освои Светското првенство.
Сепак, Србите немаат добро искуство со селектори од странство. Хавиер Клементе и Дик Адвокат немаа добри резултати предводејќи ја селекцијата на Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













